Синоќа во алтернативното кафуле “Радост“ започна фестивалот на уметностите „300 Работи, Триста#, фестивалот за литература и аудио визуелни уметности „300 работи 300“. Дел од вчерашната програма беше презентацијата на филмски сценарија – Записник 006, изложбата Магента на Илија Талев, како и проекција на филмот „Берлин проект (2011)“ од Иво Трајков.

-“300 работи Триста“се роди пред 6 години и првично тоа преставуваше плод на една писателска мисла која беше сржта на проектот “Live Литературен Перформанс” кој самиот како таков беше еден склоп на уметници од различни бранши. Низ изминатите 5 изданија на овој фестивал, таа „мисла“ пронаоѓаше разни начини и форми да се материјализира во нешто препознатливо за публиката. Оваа алхемиска магија на претворање на „мисла“ преку алатките на уметноста во дела, всушност е гравитацијата која ги држи сите овие создавачи заедно. Многу често границата уметник/публика имаше тенденција да се уништи и повторно да се воспостави, вели организаторот Игор Трајковски – Фоја, кој за тоа кој се учествувал на овој фестивал додава:

-Може само да се додаде дека од страна на границата на артисти, досега учествувале артисти од Балканот, Индија, Турција, Кина, Сад, Ирска, Франција, Чешка итн. А за страната на публикаа не можеме да дадеме точна информација поради самиот факт што немаме адекватна опрема за да го измериме патувањето на мислата. Е точно таа „Мисла“ е главната сила и на овој фестивал, кој физичка промоција на делата ќе има на 5 и 6 јуни во Радост, Битола, Македонија.

Преку промоција на филмски сценарија од интернационален каректер, прикажување на Филм, Изложба на Графички Дизајн и секако низ мешање на Музика и Храна, Трајковски се надева дека ќе создаде доволно енергија за таа „Мисла“ да може слободно да патува низ галаксијата.

Денешната програма вклучува филмаџиско кафе, музика со ДЈ Деx и презентација на храна и музика со ДЈ Ален Туцо. „300 Работи, Триста“ е во рамките на битолското културно лето “Бит фест 2018“.

Започна “300 работи, Триста“ фестивал на уметници од различни бранши (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





