Press "Enter" to skip to content

Руски романси исполнија четворица оперски пеачи (фото)

Во салата за исложби и концерти во Националната установа Завод и музеј во Битола се одржа концертот насловен „Романсијада“ – вечер со руски романси, а претходно се отвори и изложба на таа тема, која беше поставема во холот на Музејот.

Публиката која ја имаше во голем број уживаше прекрасните изведби на руски романси во изведбите на Катица Мишевска од класата на проф. М-р Весна Гиновска –Илкова, Магдалена Тодоровска од класата на проф. м-р Ана Дурловски, Лука Петешев од класата на проф. М-р Борис Трајанов и Тодор Арсовски – проф. М-р Весна Гиновска –Илкова.

За време на концертот на руските романски модераторот ја водеше публиката низ историјата на руските романси, им ги претстави и авторите на истите, а за задржа и на периодот кога овие песни биле забранети за јавна изведба поради тоа што ги потсетувале Русите на времето руската боржуазија.

Исто така стана збор и за сегашното време, кога за руските романски има посебни фестивали.

„Романсијада“ – вечер со руски романси е дел од годинашниот “Бит Фест“.