Press "Enter" to skip to content

Во “Радост“ несекојдневна забава, одлична музика надополнета до вкусна храна (фотогалерија)

Синоќа битолчани кои ги имаше во поголем број во кафулето “Радост“ кое се наоѓа кај Градскиот часовник имаа прилика да уживаат во несекојдневна забава кпја помина во одлична атмосфера.

Забавата беше последната активност од фестивалот на уметностите „300 Работи, Триста“, фестивалот за литература и аудио визуелни уметности.

За последната активност организаторот Игор Трајковски – Фоја рече:

-Фестивалот на уметностите „300 Работи, Триста“ имаше поголем број на актовности за кои зборувавме, а во текот на денот беше организиран настанот насловен како “Филмаџиско кафе“, а вечерта беше организирана забавата во која учесниците на фестивалот и останатите гости ги забавуваше ди-џеј, а сето тоа беше напдополнето со вкусна храна која гоствачот ја подготвуваше пред гостите, а тие сами се послужуваа.

Претхпдно во фестивалската програма беше презентацијата на филмски сценарија – Записник 006, изложбата Магента на Илија Талев, како и проекција на филмот „Берлин проект (2011)“ од Иво Трајков.

Фестивалот на уметностите „300 Работи, Триста“ се организира по шести пат, на него учествувале артисти од Балканот, Индија, Турција, Кина, Сад, Ирска, Франција, Чешка…, а годинава е дел од програмата на “Бит Фест“.

More from КултураMore posts in Култура »