Press "Enter" to skip to content

Вечерва почнува прскањето против комарци на територијата на Битола

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола од денес до 13 јули ќе изврши теристичката(од земја) дезинсекција, со цел уништување на комарците.

Запрашувањето се врши во периодот од 19.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Спроведување на адултицидна, теристичка (од земја) дезинсекција која е насочена кон уништување на адултните форми на комарецот и се извршува во доцни вечерни и рани утрински часови (кога се најактивни комарците), а се спроведува на целото градско и приградско подрачје опфатено во неколку прстени (зони), особено во делови на територијата со густа вегетација, паркови, зелени површини, по текот на водотоци и сл.

More from ВестиMore posts in Вести »