Press "Enter" to skip to content

Заврши поетскиот фестивал „Поетски синтези“, а на него промоција на “Чекаат ли бродовите“ од Борис Кастел (фотогалерија)

Во организација на Здружението за наука и култура „Нова“ во малата сала на Центарот за култура викендов се одржа меѓународниот поетскиот фестивал “Поетски синтези“, кој по 10. пат се одржа во Битола.

На фестивалот беше промовирана медитеранската книга, поезија “Чекаат ли бродовите“ од црногорскиот писател Борис Јовановиќ-Кастел, а промотори на книгата беа м-р Мирјана Стојановска и Ленче Милошевска.

-Оваа е прва книга медитеранска поезија преведена на македонски јазик, објавена со поддршка на Министерството за култура. Книгата содржи педесетина песни во кои жителите на морето ги носат поединечните раскажувања за традицијата и мудроста на старите времињ, а во длабочина на овие саписи стои јаството што како категорија останува непроменета до денес. Тоа е таа перцепција на деталите од животот, за славата, за илузијата, за потребата за истражување и патување, потрага по вистинската љубов и еросот. Со своевидната метаморфоза, поетот станува чемпрес, маслинка, смрека, се венчава со сипата, а со тоа станува неразделен дел од морето, истакна промоторот Мирјан Стојановска и организатор на поетскиот фестивал.

Во вториот дел на фестивалската вечер беа доделени награди кои Здружението “Нова“ ги доделува на автори од земјата и од дијаспората со цел афирмација и негување на македонскиот јазик, литература и култура и градење на мостови за културна соработка во меѓународни рамки.

Инаку, во рамките на фестивалот беа претставена и тројца автори од Здружението на писатели од дијаспората од Франкфурт: Љубиша Симиќ, Костадинка Ѓорѓевска и Злата Икановиќ и беше потпишана повелба за соработка на ова со Здружение „Нова“ со што е договорено неколку наслови во издание на „Нова“ да бидат застапени на меѓународниот саем на книгата во Франкфурт.

Фестивалот започна со сценска изведба на поемата „Бегалци од својот дом“ од поетесата Мирјана Стојановска во изведба на актерска група од “Интимен театар“ Битола

More from КултураMore posts in Култура »