Press "Enter" to skip to content

Црна хроника: тешко поврени во сообраќајка на Новачки пат и повреден пешак на пешачки на “Иван Милутиновиќ“

На Новачки пат во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “хундаи санта фе” со бугарски регистарски ознаки управувано од И. Ќ. (25) од Кавадарци и патничко моторно возило „опел астра” со битолски регистарски ознаки управувано од И.П. (58) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.П. додека И.Ќ. и неговата сопатничка Н.Ќ. (25) се здобиле со телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Истиот ден во 6:30 часот во Битола на пешачки премин на улицата „Филип Втори Македонски“ патничко моторно возило “киа авела“ со битолски регистарски ознаки управувано од М.А. (24) од село Мојно, битолско удрило велосипед управуван од С.К. (57) од Битола. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »