Press "Enter" to skip to content

Мешаниот и младинскиот хор на КУД “Стив Наумов“ со концерт за десетка (фотогалерија)

Во салата за изложби и концерти на НУ Завод и музеј се одржа концерт на Културно уметничкото друштво “Стив Наумов“ од Битола, на кој настапија мешаниот хор и младинскиот женски хор, а со двата диригираше Љубо Трифуновски.

Први пред публиката која ја наполни салата се претставија членовите на мешаниот хор, а исполнија хорски обработки на песни од композиторите: Јохан Себастијан Бах, Тодор Скаловски, Мокрањац, Маренцио, Кјус, Шуплевски.

Публиката уживаше во изведбите на песните: “Глорија“, “Тебе поем“, “Амате ми бен мио“, “Хвалиме“, “Величание К и М“, “Сватовка“ и во преработените народни македонски песни.

Потоа на концертот на КУД “Стив Наумов“ се претстави и младинскиот женски хор со кој диригираше Труфуновски, а ги следеше и на клавир. Младите девојки ја испеаја програмата која тие ја изведоа на последното гостување во Франција, на Корзика.

Младинскиот хор испеа песни од Шуплевски, Трифуновски, Шундилова, како и фрнацуска, азербеџанска, црнечка и македонска народна песна.Во синоќешната програма се најдоа песните: “Рум дум дум“, “Сирак се Стојан разболе“, “Ако одам во Битола“, а се изведоа и две солистички песни на две младински од хорот, кои публиката ги награди со голем аплауз.

Публиката која беше во голем број низ концертот ја водеше и им кажуваше за програмата и за гостувањето на младинскиот хор во Франција, диригентот Љубо Трифуновски, а концертот е дел од битолското културно лето “Бит Фест 2018“.

С.Р.

More from КултураMore posts in Култура »