Press "Enter" to skip to content

Методија Силјановски – директор на “Нискоградба“, започна санација на ударните дупки низ Битола

Јавното претпријатие “Нискоградба“ започна со санација на ударните дупки низ улиците во општина Битола,а денес се работеше на улицата “16-та“ каде се санираа поголеми оштетувања на коловозот. Таму беше и директорот на ЈП “Нискоградба“ со дел пд неговиот тим, а одржа и средба со новинарите на која рече дека поради временските непрелики и дотур на асфалт од базите одреден париод не се извршуваа овие активности.

-Согласно програмата на Општина Битола за одржување на улици и патишта во следниот период интензивно според списокот што ни го достави Општината со имиња на улици за санација на ударни дупки, активностите ќе течат континуирано во наредниот период, а покрај ударните дупки низ улиците во општина Битола ќе се работи и на локалните патишта кои се под општинскa надлежност.санирање на ударните дупки и прекопи на коловозите според договорот со Општината проектирана е финансиска рамка од 6 милиони денари, но ако има потреба таа ќе биде поголема,рече Силјановски.

Силјановски рече дека во иднина и граѓаните сами ќе можат да пријавуваат оштетувања на коловозите, со цел “Нискоградба“ да биде поефикасна во санирањето на уличните дупки.

-Јавното претпријатие „Нискоградба“ започнува нова акција во која на граѓаните им се дава можност телефонски да пријават оштетување на патишта низ општината каде има дупки, па е потребна интервенција без оглед дали се ударни дупки или прекопи од санација на водоводна или канализациона мрежа и други интевенции, додаде Силјановски.

Оваа акција ќе биде објавена на веб страната на на ЈП “Нискоградба“ и на фејсбук профилот, како и на телефоните 047/233 -600 и 047/ 233- 199, како и во стопанскиот довор 047/221-016.

More from ВестиMore posts in Вести »