Press "Enter" to skip to content

УКЛО го усвои новиот Статут, се чека согласност од Парламентот

На последната 162 седница на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, со еден воздржан глас и сите други “за“ усвоен е Статутот на УКЛО.

Постапка за нов Статут на УКЛО, усогласен со Законот за високото образование, е спроведена низ утврдена процедура. Зголемената динамика на органите и телата на УКЛО се остваруваше низ изготвена агенда и утврден тајминг на активности.

По утврдување на Нацрт – Статутот, спроведена е јавна расправа на единиците на УКЛО и можност да изнесат свои предлози и мислења.

По ова, Комисијата за нормативна дејност го прифати Предлог-Статут на УКЛО, што е утврден од Ректорската управа и усвоен од Сенатот на 10.7.2018 година.

По усвојувањето, Статутот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во предвидениот рок се доставува до Собранието на Република Македонија кое со Одлука дава согласност на Статутот.

Усвојувањето на Статутот е особено важно за УКЛО, зашто го дефинира работењето на Универзитетот во сите негови домени и целосно е сообразен со новиот Закон за високото образование, со што се обезбедува вистинска рамка за функционирање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и се отвораат перспективи за неговиот понатамошен развој.

More from ВестиMore posts in Вести »