СВР Битола поднесе кривична пријава против педесетгодишниот таксист со иницијали П.К. од село Породин, Битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување“, кое го извршил врз малолетничка на возраст од 15 години.
МВР соопшти дека настанот се случил во близина на улицата “Раштанска“ во Битола во такси-возило, кое било управувано од страна на осомничениот.






