Press "Enter" to skip to content

Марко Јосифовски е нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола

Марко Јосифовски во наредните четири години ќе биде на чело на битолската Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Битола. Јосифовски е избран по предлог на претседателот на УМС, Лука Кржаловски, а е изгласан од страна на извршниот комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ.

-Чест и задоволство ќе ми биде да ја извршувам функцијата претседател на Унијата на млади сили на единствената легитимна Македонска политична партија. Ве уверувам дека ќе издвојуваме нови победи и достигнеме нови успеси за Македонија, за мојот роден град Битола и за нашата аманетна пра дедовска организација ВМРО. Благодарност до Извршниот комитет на укажаната доверба, но не очекува тешка и макотрпна работа, рече Марко Јосифовски веднаш по назначувањето.

Марко Јосифовски е роден 3 јуни 1992 година во Битола. Своето основно образование го завршува во ОУ “С. Кирил и Методиј“, а средно образование завршува во СОУ “Таки Даскало“. Јосифовски по професија е осигурителен Брокер, работел и како менаџер и сопственик на неколку популарни локали низ Битола, а организирани и концерти.

Марко Јосифовски е член на ВМРО-ДПМНЕ од 2012, а пред да дојде на претседателската фунција на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола, бил претседател на МК “Блаже Рогозинаро“.

Во наредните две недели ќе го комплетира ОК на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »