Пред голем број на почитувачи на делото на историчарот Александар Литовски синоќа во “Магазата“ беше промовирана неговата најнова книга “Нашето национално пијанство“ која е соблимат од колумните што објавени во периодот од 2015 до 2017 година,пишувани во неделникот “Глобус“ и во весникот “Слободен печат“.

На промоцијата беа присутни министри, историчари, пратеници, градоначалничката на Битола, министри, претставници на локалната власт… а сите на почетпкот ги поздрави претседателот на сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски.

На промоцијата зборува двајцата резензенти истричарката Љубица Јанчевска и невладиниот активист, поранешениот министер за култура Ѓунер Исмаил, кои за колумните на Литовски во тоа време биле глас во пустината и дека во колумните во книгата има заедничка алка која ги поврзува – историјата.

Авторот на книгата д-р Александар Литовски при обраќањето кон присутните, заблагодарувајќи се на присутноста и помошта за објавување на оваа книга во стилот на неговата книга упати отрезнувачка порака: излеговме од некои проблеми, излеговме малку од еден режим ама далеку сме од она што мислам дека оваа држава и овој народ го заслужува, една слобода, една моралност и едно човечко достоинствено живеење, а се надеваме дека ќе биди подобро, ако не повторно ќе пушуваме колумни, нема друго.

Во книгата се објавени 106 колумни на 516 страници содржи 106 колумни на авторот Литовски, беше промовирана синоќа во битолската Магаза во присутво на претставници од државната и локалната власт, пратеници, историчари и други општествени дејци од Битола.

Промоцијата на книгата беше одржана во рамки на „Бит Фест 2018“.

Промоција на книгата “Нашето националистичко пијанство“ од Александар Литовски (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





