Во чест на прерано починатиот планинар, битолчанецот, Стефан Стерјовски, утре во планинарскиот дом “Неолица“ ќе се одржи комеморација во негова чест, а еден од иницијаторите, неговиот пријател, Тони Трајковски вели:

-Во чест на нашиот другар, планинарот Стефан Стерјевски – Дедо Боже, ние неговите другари покренавме иницијатива и ја реализиравме, со тоа што поставивме спомен плоча со неговит лик, некаде на средина на патот Лавци – Неолица, односно на местото кое Стефан почина на 1 април годинава. Потоа откако ќе откриеме спомен плочата ќе се упатиме кон планинарскиот дом “Неолица“, каде е организиран ручек во чест и за душа на Стефан.

Трајковски и неговите пријатели ги покануваат сите планинари на Стефан и останатите љубители на планината да бидат утре на “Неолица“ и сите заедно да му оддадат почит на Стефан Стерјевски.

Утре на “Неолица“ комеморација и откривање на спомен плоча за Стефан Стерјевски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- СВР Битола: приведување за попречување на полицијата во извршување службени дејствија
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Во Битола врнежливо и постудено, температурата до 15 степени
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)





