Пожарот кој започна да гори пред околу два часа нас улицата “Широка“ полека се шири и со помош на топлиот јужен ветар стигна до врвот на ридот.

Во пожарот е зафатена сува трева која гори и ниско стеблести растенија, а додека багремовите дрвја поради тоа што имаа зелени лисја не се запалуваат, па затоа мештаните кои беа таму велат дека нема опасност и дека ќе изгори тревата и по некој смок кој нема да се спаси од огнот.

Инаку, кога се искачивме на местото на пожарот на само неколку метри од огнот, кој кога ќе дувне топлиот ветар на некои места се крева пламенот на две метри, температурата од оност, ветрот и топлотниот бран сигурно е над 50-60 степени и од чадот и пепелот кој лета во воздухот тешко е да се издржи повеќе од минута-две.

Кај првиот ред куќи до ридот за секој случај е паркирано возило на прптивпожарната единица, а како рекоа мештаните имало и пожарникари кај огнот.

Инаку, според тоа дека веднаш над патот огнот е изгаснат и сами има чад, мештаните велат дека од тука зопочнал огнот и се проширил до врвот на ридот, а тие се надеваат дека ќе се локализира за брзо време.

Текст и фото: Сашо Ристевски
[ngg_images source=”galleries” container_ids=”162″ display_type=”photocrati-nextgen_basic_thumbnails” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”240″ thumbnail_height=”160″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”20″ number_of_columns=”0″ ajax_pagination=”0″ show_all_in_lightbox=”0″ use_imagebrowser_effect=”0″ show_slideshow_link=”1″ slideshow_link_text=”[Show slideshow]” order_by=”sortorder” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]

Пожарот од над улица “Широка“ се прошири до врвот на ридот (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- СВР Битола: приведување за попречување на полицијата во извршување службени дејствија
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Во Битола врнежливо и постудено, температурата до 15 степени
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)





