“МКА 2000“ работи на проектот „Иновентер – Иновативна обука за стручно образование во сферата на социјалното претприемништво“ (INNOVENTER BMP1/1.3/2738/2017 дел од Interred BalkanMed) и за таа цел организира работилница во хотел “Милениум“ на која присуствуваа претставници од државните институции, експерти, НВО и др.
Тема за работилницата беше презентација на проектот и работни пакети, детална презентација на курикулумот, прирачникот за наставници и наставниот материјал, ЕКВЕТ/ЕРК/МРК – анализа и оценка на курикулумот и наставниот материјал и негова усогласенсот со ЕКВЕТ/ЕРК/МРК, усогласеноста со МРК и македонската правна рамка за социјално претприемништво за на крај да заврши со дискусија.

Целта на работилницата е презентација и запознавање со проектот како и презентација на курикулумот, прирачникот за наставници и наставниот материјал и да се добијат мислења од експерти во врска со материјалот и неговата примена во средните стручни училишта и центри за обук и негова усогласеност со Македонската рамка на квалификации како и можноста за акредитирање на обуката со крајна цел.
Од средина на август ќе продолжиме со целосни 2 дневни обука за социјално претприемништво и пилотирање на прокетот во Скопје, Битола и Охрид.

Инаку, проектот е дел од INTERREG Blakan Med програмата и е финансиран од Европската Унија. Во проектот учествуваат сите земји од Балкан Мед регионот, Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Кипар. (http://www.interreg-balkanmed.eu/com/4_What-is-BalkanMed). Проектот има за цел воведување на обука за социјално претприемништво во стручното образование (ВЕТ) насочена кон претприемачи од МСП за тие самите да можат да иновираат, истовремено ангажирајќи лица од ранливи категории како вработени.
Главните проектни цели се: прилагодени ЕКВЕТ курсеви за обука за социјално претприемништво со наставна програма, модули за учење (вкупно 15), прирачник за обучувачи, платформи за онлајн и мобилна обука, поддршка на база на податоци за знаења, менторска програма и прашања за вработување. Покриени градови – Скопје, Охрид и Битола.

Експертите кои се вклучени во проектот и ќе ги држат презентации и предавањата се Проф. д-р Васил Поповски и Бети Деловска долгогодишен консултант и обучувач.






