Советот на Општината Битола денес ќе ја одржи 16-та седница со почеток во 10 часот, а претседателот на советниците ќе им го предложи дневен ред по кој ќе бидат донесе одлуки околу работењето на реонскиот пазар во Битола, изградбата на летниковец, ќе се расправа за тековни прашање поврзани со јавните претријатија, волонтеризмот, за урбаната опрема, а љубителите на фудбалот ќе дознаат кој компании ќе ги преземат акциите на фудбалскиот клуб Пелистер.
Еве го компелтниот дневен ред кој ќе го предложи претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски.
1. Одлука за пренесување на право на тековно одржување на водоводната и канализационата мрежа, пасажите, скалите и зелените површини од Реонскиот пазар – Битола.
2. Одлука за примање на донација од Пивара АД Скопје – изградба на летниковец.
3. Завршна сметка за финансиското работење на КЈП „Нискоградба” за 2017 година.
4. Извештај за работата на КЈП „Нискоградба” за 2017 година.
5. Одлука за покривање на загубата по годишната сметка на КЈП „Нискоградба“ за 2017 година.
6. Дополнување на годишниот план за вработување на КЈП „Нискоградба “за 2018 година.
7. Втора измена и дополнување на Програма за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачјето на општина Битола.
8. Програма за измени на Програмата за економски развој за 2018 година.
9. Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистичко планска документација на подрачјето на општината Битола во 2018 година.
10. Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутарната Одлука бр.02.51/7 од 15.01.2016год., на ЈКП „Водовод“-Битола.
11. Решение за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Статутот на ЈП „Комуналец“-Битола (пречистен текст) бр.02-278//3-1 од 01.06.2016 год.
12. Решение за именување на членови во Советот за волонтерство на општината Битола.
13. Решение за давање согласност на Деловникот на Советот за волонотерство на општината Битола.
14. Одлука за давање согласност за отуѓување на доминантен пакет акции на ФК Пелистер АД Битола на други правни и физички лица.






