Press "Enter" to skip to content

Учителката Весела ни покажа како изгледа VR и АR училницата на иднината, без старите книги, моливот, боичките, пластелинот (фотогалерија)

“Седум плус седум светски чуда“ и „Магичен свет на бајките“ се наслови на двете работилници кои се одржаа во текот на изминатат недела во НУУ библиотека Битола, а во кои дечињата и учителката Весела истражуваа и читаа за да ја задоволат љубопитноста за интересни теми кои можат да го привлечат детското внимание, да поттикнат многу нови идеи, инспирација за читање и понатамошно истражување.

Но, за време на двете работилници имаше и нешто друго, ново, привлечно и неодоливо, како награда за вредните дечиња, за нивното внимание и труд за време на истражувањето. Учителката всушност ни покажа како изгледа современата училница. И додека страхуваме дека добрите стари книги полека ќе исчезнат како вредност и како алатка за учење, а ќе бидат заменети со технологија која ќе ги наполни современите училници до врв, тука видовме дека современите училници всушност имаат поинаква приказна.

Повторно шарени, весели и понатаму полни со материјали кои можат да се прочитаат, допрат, моделираат, и во нив мудри алатки за „ патувања“, кои можат да се вклучат кога има потреба, без да зафаќаат простор и без да го оптеретуваат наставникот со часови и часови домашна припрема на ИКТ ресурси. Мудар спој на дидактика, добри стари книги и заедно со нив мобилни телефони, виртуелна и аугментирана реалност, едноставни за примена и достапна секому уште сега.

Така, за време на работилниците, светското чудо, градот Петра, беше една од неколкуте возбудливи дестинации отворени за дечињата во библиотеката. Преку повеќе виртуелни сцени имаа прилика реално да прошетаат низ ова светско чудо, во внатрешноста; гледајќи од височината на една од карпите околу градот; пред самиот влез; по едининствената патека која води до градот а за која читаа претходно..Имаа прилика да го видат дење но и ноќе, осветлен со илјадници свеќи, каде и да се завртиш па дури и кога гледаш долу додека чекориш, а над него ѕвездено небо, реално како да си таму. Книгите „Алиса во земјата на чудата“ и „Малата сирена“ беа исто така отворен, виртуелен свет кој измами насмевки и задоволство кај дечињата. Интересен и вешт начин за читање и истражување од мала возраст.

-Интересно е да го поврземе класичното читање и овој начин на истражување и проверување на прочитаните факти. На овој начин можеме да ги поттикнеме да читаат информации и на други теми, а потоа „да патуваат“ на интересни места за споредба… Современите часови не искучуваат ништо старо што веќе е добро и проверено, само вклучуваат новини. Сметам дека технологијата може да нуди информации на децата на оваа возраст, но не смее да им ја “краде“ можноста за пишување со моливче, обликување, моделирање и цртање. Има време за пишување во Word, цртање во Paint и презентации. Светот не ги полни училниците со комјутери. Светот во училниците отвара простор за игра и бара решенија кои се лесно применливи во даден миг а не процедура која зема цел час. Веќе се користат учебници во кои податоците оживуваат преку скенирање на слика или знак или те носат до интеркативна соржина, игри и квизови за проверка на наученото.

Но, дали мобилниот телефон е мудро решение за примена на часовите ?

-Секако дека е. Ова е само прилика истите да се искористат на корисен начин наместо училниците да ги натрупуваме со компјутери кои фаќаат прашина и бараат одржување. Добар педагог кој развил дијалог и услови за другарски договор со ученците лесно може да применува што и да замисли, а воедно да унапредува и навики за работа и соработка во парови и групи. Нашите деца веќе имаат мобилни телефони дури и од најмала возраст. Ние родителите самите им ги купуваме. Дури и кога ќе го заборават телефонот при излегување ние сме тие кои ги потсетуваме да си го земат со себе за да можеме да бидеме во тек каде се, а потоа не плаши нивната зависнот од телефонот. Но ако бидеме искрени, ние сме примерот кој успешно го следат, нели? И што правиме сега? Сега можеме да им покажеме нешто што со сигурност веќе е иднина на образованието. Мобилниот телефон може да биде алатка за учење, истражување и читање интересни информации кои ќе поттикнат сензибилитет кон светот, запознавање со непознатото, богатење на искуствата и проширување на интересите за различни теми, а виртуелната и аугментирата реалност се „чуда“достапни за секого- истакна Весела. Безброј беспатни AR и VR апликации можат лесно да бидат инсталирани во нашите телефони доколку посакаме, а картонските очила за виртуелна реалност се достапни на интернет по цена за чоколадо. За време на мојата студиска посета во Абу Даби добив задача да тестирам образовна апликација која нуди спремен, неверојатно „жив“ материјал за различни теми и наставни содржини и уживав подеднакво колку и децата.

-Ова може само да се доживее за да се стекне претстава колку е реално и применливо. Ти си таму, не си само набљудувач на слика, сам се движиш, шеташ на дното на морето или чекориш на секоја планета, можеш да патуваш низ човечкиот организам. Чекориш во просторот, слушаш автентични звуци, читаш распоредни информации, слушаш глас на наратор кој објаснува. Возрасниот може да биде и лидер на патувањето и тој да избира содржини за истражување кои би се прикажувале и на 30 уреди истовремено. Верувам дека и нашата земја ќе ја согледа потребата да овозможи финасии за развивање на вакви апликации за образоавание на наш јазик. Просветно Дело веќе направи голем чекор и сега книгата „Алиса во земјата на чудата“ е веќе достапна и на македонски јазик. Не се работи само за апликација на мобилен телефон. Детето во рака држи вистинска книга на мајчин јазик, а мобилниот телефон и апликацијата го наградуваат со ожививување на страниците и игри после секоја прочитана страна. Идеално решение за совремните деца и нашата желба да ги вратиме кон читањето.

-Наставникот вака би имал избор на спремни материјали наместо да спрема презентации со часови. Но и во моментов достапното навистина може да биде искористено без проблем. Содржините се толку реални што јазикот на кој се нудат дополнителни информации не им смета на дечињата кога имаат наставник или возрасен кој ги води и кој претходно им дал задача да ја истражуваат темата од литература на мајчин јазик. Дечињата дури и полесно се снаоѓаат од нас возрасните. Не им треба специјална обука, само мобилен телефон, VR очила и апликација со содржини за темата која ги интересира. Дури и интернет не е потребен понатаму штом апликациите бидат инсталирани. Преку избор на апликации и контрола на содржините ние возрасните можеме да насочиме корисна упореба на се што е современо, но повторно ќе кажам, не смееме да зборавиме на книгите, боичките, ножичките и пластелинот затоа што никаде во светот не се заборавени, независно кој колку е напред со технологија и богатсво.

More from КултураMore posts in Култура »