Press "Enter" to skip to content

Со закана со пиштол, две лица ограбиле “кладилница“ на “Партизанска“

Викендов кој измина во СВР Битола било пријавено дека во Битола на улицата “Партизанска“ во спортска обложувалница, две непознати маскирани лица, со закана со пиштол од вработената одзеле сума од околу 112.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Битола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »