Press "Enter" to skip to content

Уште еден нов апарат во Клиничка болница – Битола, ткивен процесор

Менаџментот на Клиничката болница од Битола, “Д-р Трифун Пановски“ соопшти дека продолжува со опременување на болницата со нови современи апарати, се со цел подобрување на услугите и нивниот квалитет.

Во таа насока ткивен процесор 2000 пристигна во болницата, кој исто како и претходните набавени апарати, е набавен со сопствени средства, а е за одделот патологија.

Овој апарат за автоматска обработка на ткивата автоматски го обработува ткивниот материјал и со него се скратува времето на обработка, се намалува потрошувачката на хемикалии кои се користат при истата и се добиваат квалитетни ткивни исечоци од кои се изработуваат препаратите за микроскопска дијагноза.

-Со вакви успитувања нашата клиника го опфаѓа цел југозападен регион и ова е голема придобивка и помош за нашите пациенти, бидејќи овој апарат е со поголем капацитет од претходниот (120 исечоци). Апаратот е од поновата генерација и има можност за повеќе програми за обработка во зависност од материјалот кој се обработува и потребите на дијагностичките процедури. Стандардна процедура при обработка е 20 часа, а најкартката за обработка на ситен ткивен материјал (кор-биопсии, ендоскопски биоптичен материјал, панч-биопсии) трае само 3 часа. Со ова се скратува времето на чекање на краен резултат особено важно кај туморската патологија од кој резултат зависат понатамошните постапки за лекување на даденото заболување, вели д-р Зоран Лазаров, директор на Клиничката болница – Болница.