Press "Enter" to skip to content

Објавени 1.500 наслови, повеќе од 5.000 фотографии и 700 илјади прегледи на “Bitolanews“ за девет месеци

Текстот со наслов Маја Андоновска-Илиевска избрана нов директор на Центарот за култура, нејзиниот принцип е “Култура за сите“, според прецизната евиденција на “google“-analytics е 1.500 текст објавен на битолскиот портал “Bitolanews“, а сите текстови се дополнети и со над 5.000 авторски фотографии.

Иако веб порталот “Bitolanews“, пред два дена одбележа скромни девет месеци работа, можеме да се пофалиме со бројки кои се за почит и се признание за нашиот мал тим и неколкумината постојани соработници, кој секојдневно го “полни“ порталот со информации за кои се покажа дека битолчани се “гладни“.

Прецизните бројки кои аналитичкиот центар на Гугл (Google-analytics) ни ги проследува секојдневно според сите анализи за нас се (не)очекувани, а секако најповеќе ни годи бројката од 697.792 прегледи на страната на “Bitolanews“ за само девет месеци, што за нас е најголема потврда дека она што го пласираме во битолската јавност е верификувано.

За да се стигне до бројката од скоро 700.000 прегледи (недостасуваат само нешто повеќе од 2.000) за овие девет месеци “Bitolanews“ има објавено 1.500 наслови во постојаните рубрики вести, интевјуа, спорт, Битола низ фото, култура, забава, дијаспора, совети, а секако тука се ПР текстовите и соопштенијата во рубриката комерција.

На веб порталот “Bitolanews“ досега се објавени над 5.000 фотографии, од кои само мал број не се авторски, а тие ја дополнуваат сликата за тоа како планиравме и како се развива ова модерно интернет издание во иднина.

Овие бројки се само од “Google“-analytics, а ако на ова ги додадеме бројките на прегледи на нашите “фејсбук фан пејџ“ страни, кои имаа во себе шест нули, односно се милионски, тогаш насоката во која оди “Bitolanews“ е точно трасирана. “Bitolanews“ дневен градски информатор не само за битолчани во Битола туку и за битолчани надвор од Битола, низ Македонија и насекаде низ светот.

Кога сме кај бројките треба да додадеме и тоа дека тие се само нов поттик да продолжиме со нашата работа и да очекуваме нови читатели и нови рекорди на бројките на “Bitolanews“ за прегледи и корисници, а за зголемување на бројката на објавени наслови и фотографии, Ние, ветуваме дека стоиме зад тоа.

Тимот на www.bitolanews.mk