Press "Enter" to skip to content

На свеќи и светло од мобилен, аргентинецот Анунциата го започна рециталот на клавир (фотогалерија)

Аргентински композитор и пијанист Маурицио Анунциата иако имаше прекин на напојувањето со електрична енергија,како вистински професионалец, на светло од свеќи и мобилни телефони го започна својот рецитал на клавир, во свечената сала на Заводот и Музеј.

Иако почетокот на концертот беше изведен под импровизирано светло, тоа не го спречи изведувачот максимално да биде концентриран на изведбите, а публиката со многу емиции го поздрави и го награди со голем аплауз.

Се што напишале и кажале медиумите за Маурицио Анунциата вечерва се покажа дека е точно, “Новата музика на Маурицио Анунциата, техничко мајсторство, убавина и експресивност на идеи, ја достигнува висината на големите европски национални школи” или тоа дека оригиналноста на музичкиот јазик на “Тиера дел Фуего” го привлече вниманието на публиката што следеше со големо внимание и потоа експлодира во огромен аплауз.

Слично на тоа како пофални зборови за Маурицио Анунциата, по завршувањето на концертот кажа и градоначалничката на Битола, м-р Нашата Петровска која нагласи дека позитивната енергија на изведувачот ја растера темнината.

Композитор и пијанист Маурицио Анунциата го подели рециталот на два дела, а во првиот изведе дела од:
-Alberto Williams -THE ABANDONED HUT ОП. 32 БР. 4 и “HUEYA” (Argentinean Dance) ОП. 33 N° 3
-Enrique Granados -SPANISH DANCE ОП. 37 БР. 10 “Melancholy”
-Isaac Albéniz – CATALONIA ОП. 47 БР. 2
-Franz Liszt -УНГАРСКИ РАПСОДИИ БР. 3, 17 & 14.

Во вториот дел изведе:
-TWO PAGES OF BUENOS AIRES ОП. 131
РИАЧУЕЛО (Река Ла Бока) и ГОЛЕАДА,
-ПИЈАНО СОНАТА БР. 8 „МАКЕДОНИЈА” ОП. 121, Гаида, Оро, Цигански, Финале

Инаку, Маурицио Анунциата е роден во Буенос Аирес од италијански родители. На петгодишна возраст почнал да игра и интуитивно компонирал. Студирал пијано и дипломирал на конзерваториумот во Буенос Аирес на 15 години, а во млади години изведувал концерти како солист и со оркестри во Аргентина во Театро Колон, Општина Театар де Баија Бланка и други.

Анунциатае композитор на автодидакти, а имал серија успеси во престижните натпревари во композиции како што се Masterpize (Лондон), ЕМИ Снимингс, Ворнер Брос (Јапонија), Млади композитори (Болоња), Ф.Момпу (Шпанија), Ед. Бојо (Франција).

Дипломирал на компјутерски науки на Универзитетот во Аквила (Италија) со тезата “Автоматски систем за музичка анализа”. Тој создаде нов, сеопфатен модел на уметничка форма: “Лирска Опера Мултимедија”. Со оваа разноврсна и возбудлива структура “Концерт-театар” напиша серија фрески за Аргентинските митови кои ги собраа титулите Пампа Милагроса, Донес Дивинос, Сиело Андино, Патагонија, Рио Гуарани, Тиера дел Фуего, Лос Инвислиби.

Aнунциата добил почести од неколку влади и неговата опера Los Invisibles (The enigma of the Afro-argentineans) (Енигма на афро-аргентинците) беше прогласена од страна на УНЕСКО од светски интерес.Компонирал 150 дела, вклучувајќи симфонии, концерти, опери, камерна музика и многу композиции за пијано и филмска музика.

More from КултураMore posts in Култура »