Во рамките на фестивалот “Илинденски денови“, во Националната установа Центар за култура Битола, денес започна дводневната детска ликовна работилница насловена “Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“.

Детската ликовна работилница претставува природно програмско надоградување на Државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

Малите учесници на оваа работилница пред започнување на активностите ги поздрави директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска- Илиевски, која на дечињата им објасни неколку зборови кои тие ќе го слушаат низ работилниците, као традиција, обичаи, носии…

Потоа дитекторката на Заводот и музеј, Мери Стојановска, доктор по етнолошки науки, им одржа предавање во врска со темата на работилницата.

Во рамките на работилницата ќе сереализираат едукативни предавања во врска со културно наследство и ликовните техники.

Предавачи на работилницата беа професорите Панде Петровски и Александар Поповски и конзерваторот Тони Николовски.

Учесниците на работилницата можат практично и активно да проследат програмските делови на фестивалот „Илинденски денови“ и да создаваат творби инспирирани од обичаите, ората, носиите, инструментите и слично.

Работилницата која ќе трае и утре се одржува во малата сала и фоајето на Центарот за култура во Битола.
С.Р.






