Press "Enter" to skip to content

Македонски фолклорни мотиви преточени во фото-изложба на Петар Ставрев (фотогалерија)

Само на една вечер пред стартот на 48 Интернационален фестивал „Илинденски денови“, а во рамките на фестивалот отворена беше изложбата на фотографии насловена “Фолклорни мотиви“ од Петар Ставрев.

Изложбата која е поставена на дваесетина паноа со фотографии за отворена за прогласи заменик-градоначалничката Емилија Костурска, а за фотографиите кои се изложени и за авторот зборуваше дитекторката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска-Илиевски која ја нагласи дека фотографијата е дел од секој уметнички настан и е важна работа за секој уметник.

За самата изложба зборуваше и Валентин Соклевски кој го напиша и уводникот во каталогот кој е подготвен за самата изложба кој ги нагласи придонесот на Петар Ставрев во архивирањето на моментите од самите фестивали кој ги има фотографирано авторот и секако и за останатите фотографии кој ги има направено од останати фолклорни настани.

Присутните низ изложбата ги “водеше“ самиот автор и низ тоа ги потсети присутните на некои моменти и анегдоти од многубројните дружења со фолклористите во Битола на фестивалот и при гостувањата во странство.

-На оваа изложба се претставени фотографии кои ги имам фотографирано на “Илинденски денови“, на Галичката свадба на фестивалот во припеско Долнени и на други настани. Тешко беше да се изберат кој фотографии да се подготват и изложат на изложбата но се надевам дека на добар наќин ќе се прикажат некои фолклорни мотиви, рече авторот.
[ngg_images source=”galleries” container_ids=”168″ display_type=”photocrati-nextgen_basic_thumbnails” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”240″ thumbnail_height=”160″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”20″ number_of_columns=”0″ ajax_pagination=”0″ show_all_in_lightbox=”0″ use_imagebrowser_effect=”0″ show_slideshow_link=”1″ slideshow_link_text=”[Show slideshow]” order_by=”sortorder” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]

More from КултураMore posts in Култура »