Press "Enter" to skip to content

Со “комитското“ на КУД “Илинден“ вечерва започуваат “Илинденски денови“

Со фолклорно дефиле по Широк Сокак и со традиционалното оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола, вечер почнува 48. издание на Републичкот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, а ќе заврши со интернационална вечер која ќе се одржи во Хераклеа, со настапот на Виолета Томовска во придружба на групата „Фонтана“ на заеднички концерт насловен како “Мојата Бабам Битола“…

Годинава првпат фестивалот има пет програмски вечери, гостите пристигнуваат во Битола, градот се полни со уметници од државата и странство. Бројката е голема и се очекува над 1.000 луѓе да настапат на фестивалските сцени, претставувајќи 34 ансамбли.

Годинава, освен од Македонија на фестивалската сцена ќе настапат уметници и од Јапонија, Шпанија, Полска, САД, Северен Кипар, Хрватска, Србија и соседна Грција.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, и со финансиска поддршка на Министерството за култура и општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »