Press "Enter" to skip to content

Соња Михајлова, најдобра женска актерка на фестивалот “Стоби“

Актерката на Народниот театар во Битола, Соња Михајлова, е добитник на наградата за најдобра женска актерка на овогодинешниот фестивал на античка драма “Стоби“.

Михајлова наградата ја доби за улогата на Јулие Цезар во “Јулие Цезар res publica или cosa nostra“.

-Наградата за најдобра женска улога на фестивалот “Стоби“ ја добива актерката, Соња Михајлова, за улогата на Јулие Цезар во истоимената претстава од Вилијам Шекспир, за доминатното креативно комплетно актерско остварување, стои во образложението за наградата на Михајлова.

Ансамблот на НТБ од Битола испиша уште една успешна приказна, пред преполниот амфитеатар во Стоби на 20 јули, кога ја одигра претставата “Јулие Цезар res publica или cosa nostra“, а по завршувањето актерите беа поздравени со неколку минутен апалуз.

More from КултураMore posts in Култура »