Press "Enter" to skip to content

Четвртата фестивалска вечер на “Илинденски денови“ за староградската музика

Четвртиот ден на фестивалот „Илинденски денови“ ќе биде во знак на староградска музика и игра која ќе се одржи во Старата битолски чарчија со почеток во 20 часот, а во текот на денот битолчани ќе имаат прилика дел од ансамблите да ги гледаат во живо во програмскиот дел “На пладне во чаршија“.

Во старата битолска чаршија вечерва ќе настапат КУД „Пензионер“ од Прилеп, староградската пејачка група „Сирма Војвода“ од Битола, вокално инструменталниот состав „Орнамент“ од Штип, КУД „Васил Хаџиманов“ – Кавадарци, пејачката група „Весела Тајфа“ од Богданци, пејачката група „Распеани штипјани“, КУД „Далги“ од Охрид, октетот „Прилеп“ и ансамблот „Македонија“ од Скопје.

Исто така во тек е семинарот за традиционална музика и игри кој се одржува во Студентскиот дом.

“Илинденски денови“ завршува утревечер со интернационална фолклорна разгледница на која ќе учествуваат гости од Полска, Јапонија, Грција, Северен Кипар и од Шпанија, а во чест на фестивалските победници, концерт во Хераклеа ќе одржи Виолета Томовска со групата “Фонтана“.

More from КултураMore posts in Култура »