Press "Enter" to skip to content

“Илинденски денови“ синоќа се пресели во Старата чаршија, а вечерва за крај во Центарот за култура (фотогалерија)

Четвртата вечер од Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ синоќа беше во знак на староградска музика и игра, а целовечерниот настан се одржа во Старата битолска чаршија, пред платото на “Малиот битолски монмарт“.

На малиот плоштад во Старата чаршија голем број посетители уживаа во изведните на КУД „Пензионер“ од Прилеп, староградската пејачка група „Сирма Војвода“ од Битола, вокално инструменталниот состав „Орнамент“ од Штип, КУД „Васил Хаџиманов“ – Кавадарци, пејачката група „Весела Тајфа“ од Богданци, пејачката група „Распеани штипјани“, КУД „Далги“ од Охрид, октетот „Прилеп“ и ансамблот „Македонија“ од Скопје.

Вечерва со концертот во Центарот за култура на Виолета Томовска и групата “Фонтана“ како и нивните пријатели со интернационална фолклорна разгледница на која ќе учествуваат гости од Полска, Јапонија, Грција, Северен Кипар и од Шпанија, а во чест на фестивалските победници ќе заврши годинашното 48. издание на фестивалот „Илинденски денови“, а ќе бидат прогласени и најдобрите на ова фестивалско издание.

More from КултураMore posts in Култура »