Press "Enter" to skip to content

Интервју: Златко Димитровски, спортски директор на РК Пелистер, Пелистер ќе има сопствена ракометна академија

На стартот на подготовките за наредната ракометна сезона разговаравме со спортскиот директор на ракометниот клуб Пелистер за тоа како се подготвуваат за сезоната и со кои планови влегуваат во неа, а Златко Димитровски, познат кај ракометните вљубеници како битолски Рамбо, како и на теренот порано, така денес, директно одговараше на сите прашања кои му ги поставивме, без никакви калкулации.

За засилувањата кои сега се во Пелистер и ги одработуваат подготовките Димитровски вели:

-Уште кога го презедовме клубот, го презедовме со играчи кои беа ангажирани од претходната управа и тренерот Алушевски и имавме големи проблеми. Неколкумина играчи кои беа изркани ние за моравме да платиме големи обештетувања, а тоа беше причината да не можеме веднаш во тој период да земеме нови ракометари. Но, потоа напоредно со тој дојде нов проблем со играчите кои останаа, тие некако како да не беа задоволни и да не сакаа да го дадат максимумот. Поради тоа по завршувањето на сезоната решивме да направиме голем рез во екипата и да направиме екипа која ќе биде составено од млади со поискусни играчи, се со цел да направиме поголем успех оваа сезона. Вака кадровски поставена екипата е по квалитет подобра од ланската екипа, но поради тоа што има голем број на нови играчи во почетокот ќе се јави проблем додека се запознаа и разиграат помеѓу себе. Со поголемо дружење со патувања тоа ќе се среди, а за таа цел од петок до недела ќе бидеме на висински подготовки во “Молика“ каде тренерот Петрески ќе стави поголем акцент на “тим билдингот“ на екипата со планинарење и други активности, кој продолжува да зборува и за начинот како е правена селекцијата на ракометарите кои се сега ангажирани.

-Во селекцијата на ракометрите беа вклучени сите членови на Управата, секако сето тоа беше со консултација со тренерот Петрески. Имаше предлози и од играчите, а за тој период беше преговарано со многу ракометари, а целта беше да се направи екипа со искусни ракометари, а покрај нив да се додадат младите ракометари. Сега кога оваа Управа и овој тренер ја направија селекцијата нема изговори, дека биле земени од овој, играле за оној. Сега наша обврска е да се прикажеме во одлично издание, а пак ќе повторам сите ја сносиме славата ако овој проект успеаа, но и побратно, одговорноста.

За планот за подготовки на Пелистер за ова лето Димитровски вели:

-Планот на Петревски е одобрен од Управата и ќе се работи според него, а предвидува подготовки во Битола и “Молика“, гостување во Грција, контролни натпревари со Пеќ, а тука е и ново воспоставениот турнир во чест на Боро Чурлевски, а за тој дел секако треба повеќе да каже Томче Петрески, а јас би се осврнал на амбициите на Пелистер во оваа сезона, додава Димитровски:

-Амбициите на Пелистер ова сезона се јасни да излеземе во Европа. Не можеме да се носиме со двете најдобри екипи. Ќе се струдиме да рамноправни на Еурофарм Работник, а секако да направиме поголем успех од лани. За сето ова имаме можност, со добра работа, со добар тим кој го имаме, а екипата да биде компактна во добра атмосфера.
Кога зборува за амбициите на секој разговор Димитровски во негово име иво име на претседателот Васко Ковачевски и управата не пропушта да ги пропушти младинските категории.

-Нам најголем проблем е што немаме силна младинска екипа со поизразити поединци, а тоа ни вели дека мораме да посветиме поголемо внимание на подмладокот. Самите видовме и видоа љубителите на ракометот дека на Европското младинско првенство немаше ниту еден млад ракометар од Битола во составот. Затоа сега веќе е во подготовка новиот проект на Пелистер кој е правен со претседателот Васко Ковачевски, кој ќе се вика Академија за ракомет на РК Пелистер, а како раководител ќе биде Александар Зарков. Сето тоа е во завршна фаза и само треба да се финализира. Тука ќе бидат вклучени стари ракометари, ќе се вложува и во формирање на нови тренери кои ќе полагаат за лиценци. Имаме список на стари ракометари кои ќе ги предложиме до Бордот на директори и се надевам дека ќе биде и тоа одобрено. Ова мора да се направи бидејќи, како реков претходно, нема ниту еден во младинска, а порано цела сениорска репрезентација беше од Битола. Сега генерации наназад ни се провлекоа низ прсти, голем број таленти останаа надвор од клубот и од ракометот. Сега мора да се работи на тоа за 4-5 години ние да имаме избор на млади ракометри не само за Пелистер, туку дел од нив да играат и за други клубови.

Во насока на сите овие планови е реконструкцијата на соблекувалните во спортската сала, за што Димитровски вели:

-Ние не сме носители на оваа реконтрукција но сме вклучени целосно во тоа. Идејата е на судиите Митревски и Тодоровски, но се се работи на истиот принцип како и при реконструкцијата на клубските простории. И сега ни помагаат пријателите и се надевам дека на време се ќе се заврши. Кога се работи за просторот во салата сакам да кажам по соблекувалните сакаме да направиме и теретана под трибините и тоа да биде за сите, бидејќи големи средства се трошат на закуп на други “теретани“, а таму ќе тренираат машката, женската и младинските екипи на Пелистер.

За новиот турнир “Боро Чурлевски“ Димитровски на крај вели:

-Идејата беше да се направи турнир кој ќе го врати стариот ракометен сјај на Битола, за што бевме едногласни. За името се одлучивме да биде Боро Чурлевски бидејќи почина млад, а тоа не значи дека немало и други квалитетни ракометари кои дале многу за битолскиот ракомет. Што се однесува пак до турниот со него сакаме Битола и битолчани да бидат блиску до ракометарите, онака како што беше порано пред триесетина години кога тука се одржуваше “Турнирот на Југославија“, а во Битола играа силни ракометни репрезентација. Сите ќе бидат сместени на Широк сокак, тука ќе се движат, ќе пијат кафе, ќе имаат можноста да се дружат. Исто така има најави и за организирани групи на навивачи. Сето тоа ќе биде добро организирано, а екипите ќе бидат силни , а догодина турнирот ќе биде уште подобар.

С.Ристевски

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »