Press "Enter" to skip to content

Почнаа закажувањата на снимање на магнетна резонанца од 13 август со термини 24/7

Едно од ветувањата при посетата на министерот за здравство Венко Филипче на Клиничка Болница во Битола беше најавата за пилот програмата за работата на магнетната резонанса.

За стартот на 13 август, клиничка во Битола Болница е избрана за пилот програмата каде магнетната резонанса ќе работи 24 часа секој ден и тоа до полнок со пациенти по мој термин. После полноќ со пациенти со приоритетни упати и болнички пациенти и во викендите од 8 до 18 часот.

Доколку се појави потреба и викендите ќе бидат 24 часовни.

Термините се веќе пуштени на мој термин, екипирани сме и се надеваме дека со вакви термин на работа ќе се намали чекањето за снимање и нашите пациенти ке бидат задоволни. За закажување на пациенти со приоритет на телефон 047 243-535 или на шалтерот на ренген служба.

More from ВестиMore posts in Вести »