Press "Enter" to skip to content

Со интернационална вечер и прогласување на најдобрите завршија “Илинденските денови“ (фотогалерија)

Во големата сала на Центарот за култура со одржувањето на интернационална вечер завршија годинашните 48. по ред “Илинденски денови“.

На прогласувањето на победниците им претходеше инетернационална вечер на која настапија гостите од Полска, Грција, Северен Кипар, јапонија и Шпанија.

За најуспешните најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра беше прогласена фолклорната група „Ѓердан“ Русиново, за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра беше прогласен Октетот “Прилеп“ од Прилеп, за најуспешна вокална изведба беше прогласен ансамблот “Никола Јонков Вапцаров“ од Скопје, за најуспешен изворен оркестар беше прогласено КУД “Русалии“ од Секирник.

На гостите за учеството на фестивалот и се заблагодари директорката на центарот за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски, која на учесниците на последбата вечер на фестивалот им подари прогодни подароци во знак на сеќавање на учеството на овој фестивал.

Градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска им се обрати на присутните учесници и гости, а и го најави големиот концерт на Виолета Томовска и групата “Фонтана“.

More from КултураMore posts in Култура »