Press "Enter" to skip to content

Фото вест: поради сообраќајка над Довлеџик забавено движењето на возилата

Сообраќајот на излезот од Битола во изминатиот час се одвиваше со намален проток на возила, а за излез од Битола, колоната на автомобили беше до кружниот тек кај Педагошкиот факултет.

Причина за отежнатото движење на возилата беше сообраќајна несреќа на крстосницата под бензинската пумпа на “Макпетрол“, каде се врти кон насока кон Пелистер.

Во сообраќајната незгода учествуваа две возила, “фолксфаген“ и “сузуки“, а на самото место сообраќајот го регулираше сообраќајна полиција.