Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер во вториот контролен натпревар (фото)

Пелистер – Победа 0:2 (0:2)

Тренерот на Пелистер, Томче Трајановски, вториот контролен натпревар го започна со фудбалери од младинскиот погон на клубот, а петтемина кои треба да бидат во првите единаесет беа на клупата. Гостите од Прилеп поведоа уште во првиот дел на средбата, а екипата на Пелистер не успеа да резултатски да се врати.

Тренерот Трајановски им даде шанса на сите фудбалери, но останува фактот дека денес младинците не се снајдоа на теренот пред околу 200 љубители на фудбалот. Тие како да имаа пристисок од публиката, но да се надеваме дека почетничката трема за брзо за нив ќе биде минато.

Пелистер наредниот контролен натпревар ќе го има со младинската селекција на Македонија.