Press "Enter" to skip to content

Фото вест: храбрите ги следи среќата, но мора да се мисли и на безбедноста

Една наша изрека вели дека храбрите ги следи среќата, но колку и да сме среќлии сепак треба да внимаваме и самите да се заштитиме.

Нашиот фото-објектив забележа ситуација, која мора да признаеме дека се се случува само еднаш, туку најверојатно е повеќе пати повторувана.

Екипа од вредни работници, по топло време собираа и тарнспортираа бали со сено наредени во тракторска приколка, која како се гледа на фотографијата воопшто не беа обезбедени и така се движеа по патот каде поминуваа други возила.

За бељата да биде поголема над нив, сигурно на висина од 4 и повеќе метри седеше работник и безгрижно се возеше, ни малку обезбеден и заштитен од евентуален пад на балите сено, а секако и тој.

Што да се каже на храброста на овој човек, навистина е храбар, но за безбеден транспорт и возење сигурно не е само храброста, вака како што е сигурно е опасност за себе и за останатите учесници во сообраќајот.

More from ВестиMore posts in Вести »