Press "Enter" to skip to content

Уште денес со “Пелагонија експрес“ од и до Скопје, возот е времено е укинат

“Македонски железници“ соопштија дека поради оперативно технички проблеми е извршена измена и дополнување на важечкиот возен ред за 2017/2018 година, со тоа што возовите бр. 541/540 кои сообраќаа на релација Скопје-Битола-Скопје, времено нема да сообраќаат.

Воз бр. 540, ќе сообраќа последен пат на ден 06.08.2018 година (понеделник).

Возот 541 според постојниот возен ред од Скопје поаѓаше во 17.10 часот, а во Битола пристигнуваше во 19.56 часот, додека возот 540 од Битола поаѓаше во 5.20 часот, а во Скопје пристигнуваше во 8.07 часот.

По надминувањето на оперативно техничките проблеми и создавање на услови за повторно воведување во сообраќај на возовите 541/540, јавноста навремено ќе биде известена.