Press "Enter" to skip to content

Созовски прозиваше и ги започна подготовките на кошаркарите (фото)

Синоќа во спортската сала “Младост“ започнаа подготовките на кошаркарите на Пелистер под водство на новиот тренер, Предраг Созовски прозиваше, а потоа го одработија и првиот тренинг.

Пред првата прозивка на кошаркарите ним им се обрати и претседателот на Пелистер, Сашко Наумов, кој им посака успешна сезона, без повреди и сите заедно да стигнат до целта која ја имаат зацртано.

Спортскиот директор, Јовче Христовски на кошаркарите, посебно на помладите, им посака шансата која им е дадена од клубот со ангажирањето да ги бранат боите на Пелистер да ја искористат, а со нивниот напредок како млади битолски кошаркари сите заедно ќе стигнат до она што го посакуваат, битолски Пелистер, односно со голем број на домашни кошаркари.

Тренерот Предраг Созовски по прозивката им го соопшти планот за работа во подготвителниот ред, а се задржа и на “дневниот ред“ по кој тој и неговите соработници ќе ги изведуваат тренинзите до започнување на новата сезона, во почетокот на октомври.

-Бековската позиција е полнета со двајцата странци, а тука се и нашите Дафков, Трсунов, Атанасовски, Илиевски и Обедниковски на надворешната позиција. Тука е Михајло Арсовски крилен центар и искусниот Голубовиќ кој ќе помогни со неговото искуство под кошевите. Се надевам дека ќе се засилиме со уште еден центар кој заедно со Мико ќе ја пополнат и таа позиција. Се надевам дека ќе имаме и добра клупа, односно во првите 12 ќе имаме доста млади кошаркари кои ќе ја добијат шансата за да се докажат и ќе ја подигнат својата вредност, ни рече Созовски за првите впечатоци од екипата, рече дека со првата екипа ќе работат и 4-5 младинци.

Првата седница до која треба да се комлетира екипата и сите да се приклучат ќе има адаптивни тренинзи, а од идната седмица ќе се тренира со полна пареа.

Најголем дел од подготовките ќе бидат во Битола, а планирани се и викенд гостувања. Созовски планира да одигра од 8 до 10 контролни средби за воигрување на екипата.

Во стручниот штаб на Пелистер, покрај Созовски се Драган Наумов и Благој Печалев.

С.Р.