Синоќа на новата сцена во Центарот за култура Битола се одигра првата претстава која е најава за детскиот театарски фестивал “Битолино“ кој го организира детскиот “Бабец театар“.

Првата претстава “Патувањето на еден облак“, чиј автор е Роберто Фрабети (Италија), уметничкото оформување е на Јулијана Мирчевска, а играат: Соња Ошавкова и Веда Мавровска, предизвика голем интерес кај малите љубители на театарот.

-“Бабец театар“со најновата соработка со италијанскиот автор, Роберто Фрабети за претставата “Патувањето на еден облак“ ја потврди сериозноста и посветеност кон театарот за деца. Оваа претстава која се изведе синоќа е дел од нашиот проект “Театар од пелени“. Инаку, авторот Роберто Фрабети уште во далечната 1976 години го создава својот театар “La Baracca” во Болоња, Италија, а неколку години подоцна го започнува проектот “Театар за деца од најмала возраст“. Напишал 58 драмски текстови од кои 31 се текстови за претстави од најмала возраст, во моментот е дел од Извршниот комитет на Светската асоцијација на детски театри каде што членуваме и ние како единствен македонски детски театар“, велат од “Бабец театар“.

По синоќешната претстава “Патувањето на еден облак“ денес во рамките на Битолското културно лето ќе се одигра претставата “Приказна за тркалото“ чиј автор е Ивица Шимич од Хрватска, уметничкото оформување е на Јулијана Мирчевска, а игра актерот Васко Мавровски.

Најава за “Битолино“, првата претстава “Патување на еден облак“ ги освои срцата на дечињата (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026





