Press "Enter" to skip to content

Д-р Зоран Лазаров во име на менаџерскиот тим, даде отчет за работата во изминатата година

Д-р Зоран Лазаров во име на Менаџерскиот тим на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“, пред вработените од болницата, даде отчет на изминатата година од кога е на чело на болницата, при што тој се заблагодари на националниот координатор за здравство д-р Гоце Чакаровски за целокупната негова активност, на членовите на менаџерскиот тим и сите кои се вклучени во целокупниот проект за враќање на сјајот на битолската болница како што беше некогаш – гордост на битолчани.

Директорот д-р Зоран Лазаров, во отчетот прво се задржа на работите за реновирање на одделни одделенија во болницата за што рече:

-Во овој период извршени се градежни и други работи за подобрување на условите во кои се лекуваат пациентите и работат вработените во Клиничката болница и тоа: реновирање на работните соби во неврологија, нова лекарска соба на интерно, реновирана просторија на рентген за преглед и биопсија на дојка, реновиран простор на неврохирургија, а во тек е преградување и реконструкција на болничките соби на хирургија и затворање на пристап кон анестезија од администативниот блок, реновирана и проширена амбулантата на ОРЛ, реновиран одделот на дерматовенерологија. Направен е проект и започната тендерска постапка за реновирање на хируршките амбуланти и направен и проект и пронајден инвеститор за реновирање на ургентната амбуланта на интерно одделение. И во одделот за ментално здравје и ортооптика извршена е реконтрукција на покриот, а морам да кажам и тоа дека и дека е завршена втората и започната третата фаза на ставање во функција на акцелераторот во радио-онкологија. Реновирана е итната амбуланта, дневната болница.

За набавената опрема д-р Лазаров рече дека со неа ќе се подобри квалитетот на услугите и ќе се намали времето на траење на зафатите со што ќе се намалат и болничките денови и ја наброи новата опрема што е набавена.

-Во клиничката болница набавени се и веќе се во функција се четири ЕКГ апарати, апарат за гинекологија, кокерентна томографија-офталмологија, електрохируршки генератор, привремени ПМ2, спинометар, пет инхалатори, ткивенпроцесот за патологија, два апарати за торакална дренажа, пиштол за корбиопсија, фибер видео назоларингоспок, ЕЕГ апарат за холдер, а во постапка е купување на два апарати за дија динамик. Кога сме кај опремата ќе ги споменам и новите апарати електричен борер за ортопедија, опрема за централната кујна, набавка на систем за стерилна вода за инфузиони раствори, воспоставен РИС систем, а како донација е добиен е лигашур.

За новите методи-протоколи за работа директорот Лазаров рече дека се воведени на гастрографија, КТ ангиографија, кохерентна томографија, воспоставен протокол за прием и третман на витално загрозен пациент во ургентна медицина, прашалник за рано откривање на сепса, пристап кон пациент во хируршки гранки за заштита од ИХИ.

Исто така директорот Лазаров ги нагласи и другите активности во болницата, како хортикултурно уредување на дворот каде е поставен систем на наводување капка по капка и започнување на активности за искористување на техничка вода, замена и санирање на одводен канал и канализација на интернистички амбуланти. Извршено е санирање на четири поголеми дефенти во водоводна мрежа, а добиено е намалена потрошувачка на вода за 50 проценти. Поплочен е ходникот на интернистичките амбуланти, магнетна разонанца и пред кујната, заменет и пуштен во финкција лифтот, поставени автоматски врати во хирургија, педијатрија, а реновиран е санитарниот јазол во кујната и во одделенито за инфузиони раствори, како и санитарниот јазол за пациенти во влезот на болницата. Реновирање е започнато во ходникот во управата, заменети светилките во болницата на влезот и влезот околу 60 проценти, со лед сијалици за заштеда на електрична енергија, а започната е постапка за легализација на негализирани објекти во сопстевност на болницата, а сето тоа пациентите и граѓаните можат да го видат на ново дизајнираната веб-страница.

Околу вработувањата кои се во Клиничката болница, Лазаров рече:

-Вкупно 116 вработување се реализиранио во Клиничката болница, од кои 32 лекари, 32 медицински сестри, фармацевт и фармацевтски техничари, рентген техничар, физиотерапевти, акушерка, 15 чистачи, 9 болничери.

На крај директорот на Клиничката болница, д-р Зоран Лазаров нагласи дека не застануваат со работата, туку продолжуваат понатаму со вакво тампо се со интерес на пациентите и во наредната година.

More from ВестиMore posts in Вести »