Деновиве се одвиваат завршните работи на патот од Дулието до РЕК “Битола“ кој во изминатиот период беше целосно реконструиран.
По ископувањето на стариот асфалт со машини, беше нивелиран патот, а потоа по крпењето се постави нов слој на асфалт. Со ова беше ставено крај на опасното движење по патот кој беше нерамен, со дупки, кај мостот на Црна Река имаше и мало свлечиште, а секако не треба да се заборави и штетата по поплавите во Пелагонија.

Сега патот е целосно реконструиран, на што се израдуваа жителите на општина Новаци, село Логоварди, па и на Долно Оризари и Карамани кои секојдневно го користеа овој пат. Но, и вработените во РЕК “Битола“, посебно оние кои со сопствени возила патуваат секојднено до своите работни места, не го кријат задоволството од сработеното.
Деновиве се работи на пополнување на банкините со чакал, а останува да се направи и уште една коловозна лента на мостот на Црна Река, каде додека траат работите коловозот се одвива по една коловозна лента, а е регулиран со семафори.






