Во малата сала на Центарот за култура се во организација на фото-кино клубот “Битола“ со поддршка на Општина Битола се одржа креативна работилница за уметничка фотографија.

Предавачи на работилницата на која имаше млади фотографи беа Димитар Чунговски, Александар Георгиев и Коста Дупчинов.

Покрај работилницата беше организирана и практична работа, како и консултации со учесниците во просториите на фото-кино клубот “Битола“.

Вечерта во кафулето “Радост“ беше организирана изложба на фотографии од креираните дела, а беа доделени и благодарници.

Креативна работилница за уметничка фотографија (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Од полноќ бензинот ќе се продава со +7, дизелот +6,5 денари
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Библиотеката подготвува нов зборник “Тајните од битолските сокаци “
- СВР Битола: приведени двајца “комити“, едниот за марихуана, другиот за агресивно однесување





