Press "Enter" to skip to content

Ден на убавина во козметичкиот салон “UNA NOVA“ (фотогалерија)

Промоција на третмани и совети за нега на кожата во текот на лето

Денот за убавина во салонот UNA NOVA беше посветен на жените кои сакаат да изгледаат убаво и негувано во текот на летото. Во салонот не дочека Анкица Стевановска која не покани да присуствуваме на презентацијата на третманите за лице и тело и ни кажа:

-Организиравме промоција на третмани за нега на кожата на лицето и телото кои се препорачуваат за нега во летните месеци. Гостин на отворенот ден ни е Катица Китанова бренд менаџер на Jannsen козметикa која со совети од своето богато искуство ја збогати презентацијата и го направи денот за убавина уште поубав“. Таа убава и беспрекорно негувана одговараше на прашањата, а и ни презентираше третмани за лице и тело.

Кажете ни каква треба да биде негата на кожата во летните месеци кога сите сакаат да изгледаат совршено бидејќи кожата е повеќе откриена за погледи, а и светлината е појака и доаѓаат до израз сите несовршености на лицете. Што им советувате на клиентките?

-Во летниот период заради високите температури, и изложеноста на сонце доаѓа до сушење на кожата. Заради таа сувост која се јавува и после сончање поголем дел од жените употребуват мрсни креми кои се “потешки“ за лицето во овој период,употребата на различни креми за сончање ги затвараат порите и можат да доведат до појава на митесери, мозолчиња, црвенила и иритации. Заради тоа многу често може да да се вратиме од одмор со неубав изглед на кожата. За да се избегнат тие непријатности препорачуваме чистење на лицето, со пилинг и маска и третмани за худратизација кои ги нудиме во салонот на “Una nova“. Во овој период на топло време најважна е хидрираност на кожата како одвнатре така и од надвор. Во салонот нудиме повеќе третмани за худратизација на лицето и вратот.

Како делуваат овие третмани и кога е пожелно да се прават?

-Тука би ги посочила третманите со колаген, хијалурон и ензимски пилинг за длабока хидратизација прилагодени од типот на кожата. Потоа третманот за интензивен лифтинг и хидратизација со биоцелулозна маска која одлично се прифаќа на лицето како “втора кожа“ и формира т.н. тродимензионалана мрежа која активно ги пренесува активните супстанции. Таа е еден вид на “инфузија “ на кожата и ја надокнадува потребната влага, а воедно се постигнува и лифтинг ефект. После тоа кожата е сјајна и набабрена. Добро е да се направат пред да се отиде на одмор, а потоа и после 3-4 недели односно одкако ќе се вратиме од одмор за да кожата го добие вистинскиот сјај после сончањето. И со тоа секоја жене са заблеска.

Какви други третмани се пожелни во овие летни месеци и ги нудите во “Una Nova“?

-Би го истакнала третманот за сензитивна кожа подлежна кон црвенила и алергиски реакции од изложување на сонцето. Во колекцијата на Jannsen козметика постојат многу препарати кои се идеални за заштита на ваков тип на кожа које е сензитивна и специфична за нега. Потоа за помладата популација и оние во пубертет кои се соочуваат со нечиста кожа на проблематични делови грб, гради кои во друг период се скриени од погледи, но со летото тие се гледаат и изложени на сонце кога доаѓаат до израз неправилностите. Ние го препорачуваме т.н. „антибактериски третман“ кој е многу ефикасен и има видливи резултати после прв третман. Добро е да се направи пред одење на одмор и изложување на сонце за да се делува антибактериски на тие делови и потоа изложуваљњето на сонце да биде безбедно без страв од влошување на тој проблем со митесери и мозолчиња. Со тој проблем се соочуваат многу млади и понекогаш доведува и до срам и ниска самодоверба кога треба да го изложат телото на плажа. Заради тоа ги повикуваме сите оние кои имаат ваков проблем да дојдат кај нас во салонот и ќе бидат презадоволни од резултатите.

Кои третмани се нудат за нега на телото?

За нега на тело би го препорачала третманот за затегнување „боди тоник моделаж“ кој ги намалува масните наслаги, прави детоксикација од токсинии и задржувањето на течности кое е зголемено во летните месеци. Тука веќе можат да се видат видливи резултати на намалување на масните наслаги на специфични делови од телото кои и со вежбање не се намалуваат. Тие се горниот дел од раце, меѓу бутините. Третмани со „body wrap“ во кои се прави лимфна дренажа, и овие третмани можат да се комбинираат со вежби во фитнес салата на “UNA NOVA“ со инструкторot Билјана Трапановска, која посебно на секој клиент му дава совети за вежбање и исхрана.

Во третманите за тело како нешто посебно би го истакнала третманот со кал од мртво море од колекцијата на “Janssen cosmetics“. Тој е наменет и за опуштање, но и за медицинска терапија при болки во мускулатурата, постоперативни третмани на повреди и скршеници. Природните состојки и минерали во калта вршат детокс на кожата и ја подобрува и поттикнуваат циркулацијата. Таа се комбинира со масажа кои вистински ја опушта мускулатурата, а и помага за убав изглед на телото. Калта се става на телото и завиткува со алуминиумска фолија и со тоа продира длабински во кожата.

Кажете ни повеќе за медицинската физиотерапија која се нуди во салонот и можевме да ја видиме на рекламниот материјал кој се нуди во “Una Nova“?

-Во салонот “UNA NOVA“ како новина нудиме медицинска физиотерапија со физиотерапеут кој ги препорачува и надгледува третманите на кал и масажа во зависност специфичниот проблем кој се третира од мускулни болки, потоа третирање на постопертивни проблеми на скршеници и други повреди на мускули, лигаменти и сл. Сите третмани се комбинираат со физикална терапија и вежби во фитнес делот на салонот, се разбира под надзор на физиотерапевт.

Убавиот амбиент, опуштената атмосфера, позитивната енергија и љубезниот тим во салонот на “Una Nova“ придонесоа овој ден за убавина да биде пријатен за сите кои присуствуваа и се разбира советите за добар изглед преку лето.

Жанета Ристевска

More from КомерцијаMore posts in Комерција »