Press "Enter" to skip to content

Битолски тренер и четири битолски кошаркарки во У14 и У16 македонски селекции (фото)

Во двете селекции на македонските младински селекции кои ги одработуваат подготовките за наредните меѓународни предизвици, покрај битолчанецот Горјан Стојановски кој тренер, се наоѓаат и четири надежни кошаркарки од Битола.

-Во овој циклус на подготовки во двете селекции У14 и У16 се вклучени четири млади кошаркарки од Битола, нешто што го немало во македонската репрезентативна кошарка. Подготовките се поради настапите на репрезентацијата У16 (Б дивизија) на европското првенство во Подгорица, Црна Гора кое ќе се одржи од 16 до 25 август во групата со Црна Гора, Шведска, Грција, Велика Британија и Исланд и настапите во Словенија. Сите четири битолчански одлично ги одработија подготовките што за нив ќе биде многу корисно за наредната сезона, без разлика дали сите ќе успеат да обезбедат влез во првите 12, вели Горјан Стојановски, тренер на КК Младост, кој сега е ментор во репрезентацијата У16.

Елена Тасевски моментално ги брани боите на Феминиле Стабиа од Италија, а ова нејзе и е втора година да е во состав на репрзентацијата на Македонија, а претходно има настапува за репрзентацијата родени 2001 година.

Ивана Велковиќ – родена 2004 од Јуниор, Тамата Гилева – родена 2004 од Младост (Пелистер) и Христина Ставрева – родена 2004 од Јуниор се во поширокиот список на кој има 14 репрезентативки кои ќе се борат за влез во 12-те девојки кои ќе ја претставуваат Македонија на неофицијалното Европско првенство во кошарка во Словенија од 16 до 19 август во Словенија.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »