Press "Enter" to skip to content

“Нискоградба“ работи на поставување на вертикална сигнализација

На последната прес-конференција на директорот на КЈП “Нискоградба“, Методија Силјановски, најави дека откако општината Битола и СВР Битола – сообраќајна полиција, ќе се договорат кои сообраќајни знаци треба да се постават по битолските улици, тие ќе започнат со нивно поставување.

Екипа на “Нискоградба“ ја забележавме кај кружниот тек на Дулие, каде поставуваше сообраќајни знаци -вертикална сигнализација.

-Општина Битола и сообраќајната полиција им излегоа во пресрет на возачите од Битола кои доставија барање за промена на некои места на сообраќајниот режим, и веќе се работи на поставување на нови сообраќајни знаци, а поставу ањето е во тек, вели директорот на КЈП “Нискоградба“, Методија Силјановски, кој додава и дека се работи и на поставување и на друга вертикална сигнализација.

More from ВестиMore posts in Вести »