Press "Enter" to skip to content

Бобан Каковски во дресот на Еурофарм Работник и во наредните три години

“Детето“ на Еурофарм Работник кое е во клубот уште од првите денови на основањето, Бобан Каковски, со потпишување на нов тригодишен договор ја продолжи својата верност со матичниот клуб, а со тоа и неговиот развој.

Бобан Каковски е кадетскиот репрезентативец на Македонија и еден од најперспективните ракометари на Еурофарм Работник, а ќе остане во клубот до 2021 година.

Потпишувањето на договорот за три годишна верност на Каковски на Еурофарм Работник се случи на обострано задоволството, а со тоа се продлабочи вербата кон клубот од страна на младите ракометари, но и добербата на клубот кон “своите деца“.

Денес со стартот на Струшкиот ракометен турнир започнува и официјално новата сезона за Еурофарм Работник, а прв противник и прво деби на клупата и за новиот тренер Ѓорѓе Чирковиќ. Екипата на Еурофарм се подготвуваше во Битола и во Маврово.

More from СпортMore posts in Спорт »