Press "Enter" to skip to content

ЈП “Пазари“ во иднина сам ќе произведува електрична енергија, а вишокот ќе го продава

Во низата мерки за подобрување на целокупната состојба во јавното претријатие “Пазари“ е планирано во наредниот период самото претријатие да произведува електрична енергија, која би се добила преку поставување на фотоволтаични панели на покривот на павилјоните на долниот (градски) пазар.

Почетната фаза од овој проект предвидува производство на електрична енергија која за почеток би била доволна за осветлувањето на павиљоните.

Во таа насока ЈП “Пазари“ воспостави контакти со фирми и поединци кои се упатени во оваа проблематика и се очекуваат првите пресметки за ориентационата цена за поставување на фотоволтаици, се пресметува статиката на павилјоните, број на фотоволтаици според потрошувачката и потребата на електрична енергија, а за сите совети и идеи од стручни лица се отворени.

Со реализација на овој проект не само што ќе се постигни заштеда на електрична енергија, ќе се даде придонес и во заштитата на животната средина.

More from ВестиMore posts in Вести »