Јавното претријатие “Стрежево“ информира дека е целосно завршена санацијата на свлечиштето кај над село Драгарино, на зафат Г-0 и е поврзан цевководот кој испорачува технолошка вода за РЕК “Битола“.

-Санацијата на ова свлечиште беше приоритет кој беше зададен пред една година во авгсут 2017, а сега е веќе осварен. По една година се санира свлечиштето над село Драгарино, поврзана е новата зафатна градба на Главниот доводен канал и поврзан е цевководот за РЕК Битола и се испорачува технолошка вода со максимален проток до сите водокорисници на ЈП “Стрежево“, информира директорот на ЈП “Стрежево“, Менде Граматковски преку својот ФБ профил.

Инаку, моменталниот волумен на акумулацијата на вештачкото езеро “Стрежево“ изнесува 100.633.000 метри кубни.

Санирано свлечиштето кај Драгарино, “Стрежево“ со максимален проток на вода до сите корисници
More from ВестиMore posts in Вести »
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Во Битола облачно и постуденот, температурата до 18 степени





