Press "Enter" to skip to content

Битола домаќин на подготовките на младинската репрезентација во одбојка (фото)

Одбојкарската репрезентација до 19 години со полна пареа ги одработува подготовките за престојното балканско првенство во Чачак, Србија од 21 до 25 август. Александар Митев, селектор на одбојкарската репрезентација до 19 години ги извршува подготовките во Битола, а зошто Битола е летна одбојкарска база вели:

-Битолската одбојка е во подем последните неколку години, а младите категории на Пелистер се во најдобрите екипи, заедно со екипата која јас јас водам Наковски Волеј, а најголем дел од избраните девојки се од овие два клуба. Во соработка на Пелистер Волеј и одбојкарската федерација подготовките да се изведуваат тука. Сместени сме во интернатот блиску ни се до салата и теретаната, а сите неопходни услови за успешни подготовки се обезбедени.

За планот на подготовки Митев вели:

-Кратко ни е врамето за подготовки, бидејќи се наоѓаме за време на пауза, но тоа што е зацртано се работи и се гледаат резултатите од тоа. Се надевм дека до балканското првенство ќе ја постигнеме посакуваната форма, која ја темпираме токму за тоа, а таму да се претставиме во најдобро светло.

Покрај селекторот Митев во работата со одбојкарската федерација на Македонија до 19 години е вклучен како тренер и Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј, а подготовките се одвиваат во спосртската сала на средното медицинско училиште.

С.Р.