Press "Enter" to skip to content

Известување од ЈП “Водовод“ за организирање на контроли

Почитувани корисници, поради зачестените појави на бесправно користење на вода на територијата на град Битола и околината каде ЈКП “Водовод“ Битола врши дистрибуција на вода за пиење, во наредниот период ќе бидат организирани зачестени контроли од страна на ЈКП “Водовод“.

При контролите странката е должна да им овозможи пристап на контролорите до местата на потрошувачка на вода, како и до мерилото-водомерот. За сите физички и правни лица кај кои ќе бидат констатирани неправилности, ќе се преземат мерки согласно Правилникот на ЈКП “Водовод“ Битола и Кривичниот закон на РМ.

На телефоните:
047 227 449 / 047 227 448 или
072 234 124 можете да пријавите злоупотреба/кражба на вода.

Имено, Ве потсетуваме и на телефоните 047 238 200 или 072 232 119 на кои единствено можете да извршите пријава на дефект, при што задолжително треба да ги споделите следниве податоци: име и презиме на носителот на сметка за вода, адреса на која е воочен дефектот, телефон за контакт.

Доколку имате пофалба, поплака или друга забелешка по однос на работата на инкасаторот кој отчитува во вашиот регион пријавете на телефонот 047 227 448 .

Со цел зголемување на транспарентноста на работењето, корисниците на услугите на ЈКП “Водовод“ Битола своите забелешки за работата или за услугите кои ги нудиме, може да ги пишуваат и на следниот email : komercija@vodovodbt.mk.

ЈКП “Водовод“ Битола