Open air life концертите на терасата “Широк Сокак“ се посебно доживување како за изведувачите така и за гостите. Заради фантастичниот амбиент и простор кога бината на изведувачот е многу близу до гостите какао публика, се воспоставува таков контакт и чувства како што не може да се доживее на друго места.

Така беше и синоќа на концертот на Исмаил Лумановски и “NY Gypsy All Stars“ и нивните гости. Тие на присутните на терасата им приредија вистинско шоу со изведбите на нивните инструменти, посебно Исмаил Лумановски со својот кларинет.

Исмаил со срце и душа бравурозно изведе познати композиции меѓу кои и неколку од нивниот најнов албум.

Негови ексклузивни гости беа Вера и Оливер Јосифовски од групата “Љубојна“ и пејачката Барбара Мартинез од Венецуела. Барбара ги воодушеви присутните со својот феноменален глас и внесе шпански темперамент и латино ритам во летната ноќ.

Вера Јосифовска со својот познат глас и хитови на Љубојна во придружба со кларинетот на Исмаил Лумановски ја доведоа атмосферата до кулминација. Хитовите “Твоите очи Лено мори“, “Мори чупи Костурчанки“… ги пееја сите и во тие моменти сите играа на терасата во ритамот на џез, македонско- изворна, етно и ромска музика.

Еден незаборавен ритам кој колку и да го слушаш повторно сакаш да го слушаш.

Енергијата која ги поврза изведувачите и публиката беше единствена, а на крај сите се фотографираа со своите миленици и сите се почуствуваа како свои меѓу своите.

Тоа може да се доживее во фантастичниот амбиент на life концертите на тераса “Широк Сокак“.

Исмаил Лумановски и “NY Gypsy All Stars“ – life концерт и настап со душа и срце на терасата на “Епинал“ (фотогалерија)
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- “Ретро журка Орфеј“ во “Расчекор“ Битола донесе спомени, ритам и магија на златните 80-ти (фотогалерија + видеа)
- Вечер ретро журка Орфеј No7 во “Расчекор“, во Битола со ди-џеите Терзиевски & DJ Ile The Hair
- Ретро магија – диско журка во Битола “ОРФЕЈ ве враќа во 80-тите“ в сабота во “Расчекор“ (фото)
- Разиграна љубовна носталгија е “Магија“ на “Бузуки бенд“ (видео)
- Бојана Скендеровски го најавува својот прв солистички концерт “Бесмртна“





