Во населбата “Златен рид“, интензивно се работи паралелно на пет улици во различни сектори, со што се решава горливиот проблем на жителите во изградените објекти кај поранешната касарна во Битола.
Од предвидените девет улици, со склучен Анекс на договор во вредност од 42.345.127 денари, на терен истовремено се работи на пет улици во АРМ 1 и АРМ 2, кои треба да ги поврзат стамбените и индивидуалните објекти со улиците од градското подрачје.
-Проблемот со кој се соочуваа инвеститорите во минатото, со веќе платените средства за комунални услуги, без истите да им бидат испорачани, се надминуваат со домаќинско работење од страна на Општина Битола. Исто така го решаваме проблемот и на самите жители во објектите, кои уредно си платиле за вселување во стамбените објекти и веќе живеат тука, а немаат соодветно инфраструктурно поврзување, посочи на терен градоначалничката м-р Наташа Петровска, која денес изврши увид во градежните активности.
Вкупната коловозна должина на улиците е 1.700 метри. Дел од нив се во завршна фаза и се подготвуваат за асфалтирање, додека во дел од улиците на терен се поставува атмосферска канализација во должина од 466 метри, водоводната канализација во должина од 1.333 метри и улично осветлување во должина од 1.700 метри. Затворен е и горливиот проблем со каналот, така што на истиот сега се вршат градежни работи за поврзување АРМ 1 со АРМ 2.
Градежната сезона во АРМ 1 и АРМ 2 максимално ќе биде искористена, со цел да им се излезе во пресрет на жителите на овие стамбени објекти да добијат улици и улично осветлување до нивните домови и целосно да се реализира Договорот за кредитот за комплетна изградба на инфраструктурата во касарната.

Во поранешната касарна интензивно се работи на пет улици (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси