Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: опожарено возило на улица “Ваташа“

На улицата “Ваташа“ во Битола, од страна на непознат сторител била истурена запалива течност врз предниот дел на патничко возило „Тојота Аурис“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.П. (74), по што ја запалило.

Пожарот бил пријавен, а потоа и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.